По сончевиот викенд, драстични промени во временската прогноза

Ако сонцето кое викендов го врати расположението и ви ги тргна мислите од студената зима, не радувајте се многу.
Временската прогноза која допрва следи нема д ави се допадне многу.
Метеоролозите најавуваат промени а денеска се очекува и силен ветер кој ќе биде увертира во промените кои доаѓаат од ноќеска.
Врнежи на пониските места, а на планините снег од ноќеска па и заладување во деновите кои доаѓаат.


Од утре повторно ќе паѓаат температурите, а на некои пониски места ќе има и снег.
Што се однесува до температурите, минимумот речиси секаде ќе бидат под -10 а дневната ќе порасне најмногу до +7 степени Целзиусови.
Денес низ земјава ќе започне да дува умерен до наместа и засилен јужен и југозападен ветер, што воедно ќе биде и најава за промената која допрва следи. Очекуваме локално удари на ветер и од над 80 км/ч. До крајот на денот ќе настапи и наоблачување кое до вечерните и ноќни часови ќе услови и врнежи најпрвин на запад а потоа и на повеќе места низ земјава. Врнежите ќе бидат од дожд а на планините снег.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.