По стресот од загубата, таткото на девојчето кое се удави во базен заврши во болница

Таткото на петгодишното девојче што во средата вечерта се удави во базен во населбата Злокуќани заврши во болница. Бил итно хоспитализиран откако ја разбрал веста за смртта на своето малечко, заради сериозно влошена здравствена состојба по стресот што го доживеал.
МВР работи на целосно расчистување на случајот.
Инаку во полицискиот извештај не се наведуваат деталите за трагичниот настан кој, според полицијата, се случил во средата околу 21.10 часот. Тогаш било пријавено дека во базен на угостителски објект во Скопје паднало петгодишно девојче, кое со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза”.
Вчера наутро, во 08.30 часот детето починало.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.