Денес во земјава времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 9, а дневната од 18 до 26 степени Целзиусови.
И во Скопје, сончево со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе се искачи до 25 степени.
Во понеделник попладне и во вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Услови за локален дожд ќе има и во четврток.