По тепачка на тројца мажи еден заврши на Ургентен центар

На 05.04.2019 околу 05:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.“Кузман Јосифовски Питу“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ц.Ѓ.(54) и З.Л.(55), двајцата од Скопје, од една страна и И.Т.(43) од Скопје, од другата страна.
Заради здобиените повреди И.Т. бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.