На Џеј Рамадановски, по тешката операција на срце која ја имаше во октомври минатата година, лекарите строго му забранија да консумира алкохол, меѓутоа, фолк-пејачот не ги послуша. Иако се откажа од „виски“, Џеј секој ден пие четири шишиња вино од половина литар, а одвреме-навреме пие и ракија, што повторно му предизвика здравствени проблеми.
-Порокот му го загрози срцето, така што ќе мора да побара спас. Одлучи да му стави точка на пиењето, а и не му е првпат да оди на одвикнување од алкохол, така што се’ му е добро познато. Повторно почна да кашла и да добива напади на гушење, а тоа многу го вознемири. Не дозволува тоа да го забележат неговите деца и пријатели, а не му се одразува ни на работата, земајќи предвид дека се посвети на снимањето нови песни. Но ако продолжи да живее боемски живот, се плашам дека е прашање на ден кога ќе падне, раскажа негов добар пријател, а потоа одлучи да се огласи и Џеј.
Тој размислува да побара помош, малку да се консултира со стручни лица за одвикнување.
-Тоа сигурно ќе го направам деновиве. Сега не пијам многу, барем не како порано, но подобро е да го намалам до минимум. Тоа не е нешто страшно или срамотно, па затоа никогаш не молчам на оваа тема, призна пејачот.