Наташа Беквалац зад себе има три брака, две деца и вели дека конечно сфатила дека за среќа не и треба маж и дека низ животот може да се бори сама.
– Не сум била со маж откако се породив по втор пат. Еве веќе две и пол години сум сама и ми годи што сум слободна. Секогаш мислев дека морам да имам некого крај себе за да бидам исполнета и среќна, а всушност сега се чувствувам подобро од кога било. Порано не умеев да сум сама. Самотијата ме плашеше, па можеби заради тоа влетував од врска во врска. Или некои ви рекле – од брак во брак. Сега сум зрела жена, па сфатив дека тоа не е добро. Доволна сум си на сама себе, рекла пејачката.
Признала дека не бега од нова љубов, но дека не ја бара по секоја цена. Како и дека ќе треба да помине уште некое време за да биде подготвена да сака некој маж.