недела, 15 ноември 2026
Најново

По Хрватите и Босанците и Црногорците ќе ги бојкотираат продавниците

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Црногорската невладина организација Институт алтернатива, по успешната акција во Хрватска, ги повика граѓаните на 31 јануари да ги бојкотираат супермаркетите и продавниците.

– В петок повикуваме на бојкот на супермаркетите и продавниците во Црна Гора, на сите без исклучок, бидејќи тоа нема никаква врска со политика. Високите цени подеднакво ги погодуваат сите граѓани, се наведува во соопштението.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Организацијата наведува дека цените се екстремно високи и дека водечките трговски синџири ги договараат цените, поради што граѓаните да не го почувствувале зголемување на платите и пензиите.

– Можеме ли политиката да ја оставиме настрана еден ден, да не се делиме, сите да бидеме едно, да им покажеме дека ние сме тие што одлучуваат, се посочува во соопштението на Институт Алтернатива.

На 31 јануари бојкот на трговските објекти е закажан и во Босна и Херцеговина.

Поврзани вести