Модниот дизајнер Томи Хилфигер ја продаде вилата во медитерански стил во Палм Бич, Флорида, САД, за над 41 милион долари. Имотот важи за една од поспецифичните резиденции на Флорида, а Томи го поседуваше помалку од шест месеци.
Тој ја купи вилата за 36,85 милиони долари, а неодамна ја објави на пазарот за 47,95 милиони долари. Реновирањето сега е завршено, како што гласи и описот за куќата, инаку првично изградена 1927 година. Имотот има речиси 700 квадратни метри и поглед на океанот, објави „Индекс“.
Крајната договорена цена е 41,38 милиони долари. Засега не се знае кој е новиот сопственик.
Речиси секоја соба во оваа куќа претрпе реновирање и неодоливо потсетува на италијанските вили. Внатре има четири спални соби, шест бањи, трпезарија, пространа кујна, винарска визба и приватен излез на плажа. До вилата има посебна гостинска куќа со базен и дополнителна спална и дневна соба. Секако, има и глевен базен и неколку тераси со пристап до дворот.