По 16 години шеф на данска дипломатија во Македонија

Шефот на данската дипломатија Андерс Самуелсен, денес ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Посетата е возвратна и на покана на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и воедно ова е прва посета на дански министер за надворешни работи на Република Македонија по 16 години.
Во разговорите ќе бидат разменети мислења и предлози за натамошно унапредување на билатералната соработка во повеќе сфери од заемен интерес, интензивирањето на политичкиот дијалог на високо ниво, како и за состојбите во регионот и пошироко.
Како што соопшти МНР, министерот Димитров на средбата со Самуелсен ќе го информира својот колега за реформските активности на Владата на Репбулика Македонија во клучните области, а посебен акцент ќе биде ставен на поддршката од Данска во процесите на пристапување на нашата земја во европските и евро-атлантските структури.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.