По 7 години е најдено телото на Германка во куќата на свекрвата, уапсен е сопругот

Одделот за убиства во овој германски град претпоставува дека Дорота, која тогаш имала 29 години, била задавена од нејзиниот сопруг на 18 октомври 2016 година, денот кога таа ненадејно исчезнала.

Години по убиството го сокрил нејзиното тело во торба, пренесува Билд.

Речиси седум години по нејзиното исчезнување, дојде до решавање на случајот. Вчера во куќата на неговите родители полицијата го уапсила нејзиниот сопруг Манфредо Г.(41).
Сега истражителите очигледно целосно го решиле случајот и знаат што навистина се случило на денот на нејзиното исчезнување.

По 7 години е најдено телото на Германка во куќата на свекрвата, уапсен е сопругот

“Жената таа вечер околу 22 часот разговараше со своето ново момче во Холандија. Му испратила фотографии во долна облека, но врската наеднаш завршила. Тој се обидел да ја добие на телефон, но безуспешно”, изјавила Мајкл Фрич-Хорман, шеф на одделот за убиства.
Според властите, Манфред таа вечер ја задавил својата сопруга, но тој секогаш негирал. Полицајци, кучиња и нуркачи ја пребарале куќата и шумската област околу неа, но безуспешно. Нејзиниот сопруг тврдел дека се скарале и дека таа излегла од дома.

Полицијата цело време продолжила да го истражува нејзиното исчезнување.
„И тогаш во еден момент се преселил кај мајка си, но продолжил да плаќа кирија за куќата во која живеел со сопругата. Имал финансиски проблеми, но не знаеме зошто ја задржал старата куќа“, додава раководителот на одделението.

Минатиот вторник, полицијата ја пребарала куќата на неговата мајка и во заклучена барака, полицијата пронашла торба со распаднатото тело на Дороти.
Таа била идентификувана по забите и косата. Форензичарите брзо утврдиле дека таа починала од „тапа траума на вратот“. Но, обдукцијата се уште не е завршена.
„Нејзиниот сопруг е уапсен за убиство и е во притвор. Тој се уште не кажал ништо“, додаде Фрич-Хорман.

Полицијата денеска повторно ја пребарала куќата на сопружниците, а на таванот била пронајдена голема дамка – се сомнева дека таму била чантата во која се наоѓало нејзиното тело.
Она што е морничаво е што полицијата ја пребарала нивната куќа пред седум години и не нашла ништо.

„Не знаеме кога со години го носел телото на поткровјето и каде била мртвата жена. Не знаеме ниту кога и како ја донел торбата со телото во куќата на неговата мајка“, додаваат властите.
Нивниот син (13) до апсењето живеел со својот татко. Тој сега е предаден на социјалните служби.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.