Правила за исхрана во топлите денови, кои никој не ги почитува

Кај многумина, кога е топло, апетитот се намалува, но сепак, не сите се држат до правилна исхрана во топлите, летни денови.
Откако ќе се најадете со обемен оброк во топлите денови, се препотувате, не сакате да се помрднете, станувате мрзеливи и секако, се дебелеете.
Но, доколку сакате да останете активни во текот на целиот ден, да не ви е тешко, да се чувствувате пријатно, од клучно значење е правилно да се храните.
Малкумина ги почитуваат правилата, но кога температурите се високи, држете се до следниве совети:
Поместете ги оброците


Кога температурите стануваат превисоки, нутриционистите советуваат оброците да ги преместите за поладните делови од денот, наместо да јадете во најтоплото.
Па така, на пример во работните денови, појадувајте во 7.30, ручајте во 11, а вечерајте во 18 часот.
Најкалоричен оброк кој ќе ви даде енергија нека ви биде наутро, а ручекот и вечерата нека бидат полесни.
Изладете го телото со топли пијалаци


Да, колку и да звучи чудно и да не сакате да помислите на нешто топло во лето, всушност топлите пијалаци како шолја чај се корисни во топлите деноиви.
Јадете храна богата со калиум


Кога е топло, срцето и крвните садови се оптоварени, па за да им помогнете во работата, треба да внесувате храна богата со калиум.
Во летните оброци вметнете компир, банана, брокули, спанаќ и сусам.
Заменете го месото со кефир и јогурт
Кога јадете месни производи, телото се загрева, а сигурно не ви е потребно дополнително да се топлите и потите.
Затоа, месните производи заменете ги со млечни, кои се полни со аминокиселини, калциум и калиум.
Јадете каша со житарки пред плажа


Житарките се високо енергетски производ кои заситуваат, се варат долго време и ќе се чувствувате сити без да имате потреба да јадете додека сте на плажа повторно.
Утринската каша ќе ви даде сила и енергија за да издржите до ручекот.
Намалете го внесот на сладолед и ладни пијалаци
Иако мислите дека со сладоледот и слатките ладни пијалаци ќе се разладите и освежите, тоа е само моментално, а всушност, шеќерите предизвикуваат повеќе жед и го намалуваат имунитетот.
Сите пијалаци заменете ги со вода


Во лето, потребно е да пиете многу течности, но не засладени сокови, туку вода. Затоа, заменете ги сите засладени пијалаци со вода, во која може да додадете малку лимон.
Исто така, планинарите советуваат дека може да се додаде и малку сол.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.