Правила за флерт во кафуле!

Сигурно до сега ви се случило да сте излезени со друштво во некое кафиле и таму да здогледате девојка која ви се допаѓа.
Контактот со очите е најважен
Достигнете возбудување само со одржување на контакт со очи. Благо погледнување пропратено со блага насмевка.
Платете и го пијалокот, но на вистински начин
Немојте да и праќате светло пиво. Прашајте го келнерот, девојката што ви се допаѓа што пие и тоа пратете го. Доколку не можете да дознаете што пие, чаша шампањско е полн погодок.
Понудете го со пијалок и нејзиното друштво
Бидете фини кон нејзините другарки. Доколку се веднаш до неа, во тој случај и нив почастете ги со пијалок! Ќе изгледа многу безврска доколку не го направите тоа.
Не очекувајте ништо во замена за пијалокот
Почекајте на одговор. Мажите најчесто мислат дека ако им платат пијалок на девојките, дека тие треба со нив да разговараат. Не сте помислиле дека можеби ја вознемирувате. Секогаш гледајте на частењето како на несебичен гест. Тој освен фала и не заслужува ништо друго.
Замолете го келнерот да ве запознае
Не можете да знаете дали таа имала лош ден, дали сака да биде сама или можеби има супер ден и расположена е за нови познанстава. Келнерите во 99 отсто сигурно го знае тоа. Додека вие сте на непознат терен, келнерот веќе има поразговарано со таа личност, ако ништо друго додека нарачувала пијалок.
Бидете внимателни со комлиментите
Искрено, површни комплименти се одличен начин да го уништите расположението и да и направите да се чувствува непријатно. Во тој случај таа нема да ви верува на ништо што ќе и речете.
Само бидете опуштени
Кажете и “здраво” и започнете нормална комуникација. Не можете ни да замислите колку таквото нормално однесување може далеку да ве однесе.
Не значи не
Прифатете не како одговор

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.