петок, 27 ноември 2026
Најново

Православните верници денеска го слават празникот Цветници

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица.

Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението.
Цветници се празнува ден по Лазарева сабота – чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос, шестата недела од Великиот пост, една недела пред Велигден. Се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, градот во кој по неколку дена ќе биде погубен.

Поврзани вести