Празнични филмови што ќе ви ја стоплат душата во овој студен декември

Броиме „ситно“ до почетокот на 2020 година, некои од нас чекаат со душа да помине тековната година, додека за други можеби беше најдобрата досега.
Како и да е, овој студен декември е совршен за украсување на домот, дружба со најблиските, некаде на топло, каде што ќе уживате под светлината на сијаличките.
Организирајте празнична филмска вечер со многу вино и заокружете го овој декември со нашите предлози кои ќе ви ја стоплат душата:
The Man Who Invented Christmas (2017)

1843 година, Лондон. Писателот Чарлс Дикенс се соочува со финансиски проблеми откако неговите последни 3 романи доживуваат неуспех. Очаен да создаде хит-книга и потпирајќи се на инспирацијата во реалниот живот и неговата живописна имагинација, Дикенс ги создава култните книжевни ликови како Скруџ, малиот Тим и Божиќна песна.
The Christmas Chronicles (2018)

Кејт и Теди Пирс се брат и сестра кои се подготвуваат да го поминат Божиќ без нивниот татко. Тие прават план да го фатат Дедо Мраз на Бадник. Но, планот тргнува наопаку, а успехот на празникот и подарувањето сега е во рацете на Кејт, Теди и Дедо Мраз.

The Knight Before Christmas (2019)
Средновековен витез е транспортиран во сегашноста каде што ја запознава Брук, професорка во средно училиште која е разочарана од љубовта.

Frozen II (2019)
Елса, снежната кралица и нејзината сестра Ана тргнуваат во авантура далеку од кралството Арендел, во придружба на пријателите Кристоф, Олаф и Свен.

Last Christmas (2019)
Се чини дека сè оди наопаку во животот на Кејт, млада фрустрирана жена од Лондон која работи маскирана како Елф за време на празничната сезона. Но, животот дефинитивно ѝ станува многу поинтересен откако го запознава шармантниот Том кој се чини премногу добар за да биде вистинит.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.