Пратеникот Сашко Јанчев предлага Кожуф да се прогласи за национален парк

Пратеникот Сашко Јанчев предлага Кожуф да се прогласи за национален парк.

Јанчев е дел од блокадите организирани од локалното население.

Во продолжение неговата објава на Фејсбук.

– Единаесетти ден блокада и амандман за прогласување на Кожуф за национален парк.

Пред година и пол од страна на планинарски и еколошки здрјженија на граѓани и професори од Природно математичкиот факултет беше покрената иницијатива за прогласување на Кожуф за Национален парк. На иницијативата се приклучија и општините Гевгелија, Демир Капија и Кавадарци.

Арно ама иницинативата година и пол не е мрдната. Требаше да се обезбедат пари за студија која е предуслов за прогласување на Кожуф за заштитено подрачје. Станува збор за околку 200 000 евра кои за државата се ништо пари, особено ако се има во предвид дека се работи за заштита на Кожуф и ако се има предвид на се што се троши пари.

Кожув во континуитет е напаѓан. Се почна со рудниците на смртта за сега на ред да дојдат мали хидроцентрали.

Веќе има постоечки мали хидроцентрали и околу нив е пустош. Овие последниве луѓе кои сакаат да прават мали хидроцентрали на реката Дошница веќе имаат направено штета. Испосечени се дрвја до и околу реката, пореметен е текот на реката. Затоа веќе единаесет дена има блокада на Кожуф со луѓе од цела Македонија.

Време за чекање за заштита на Кожуф повеќе нема!

Од тие причини за претстојниот ребаланс на Буџетот предложив амандман со кој се предвидува да се издвојат пари за да се изработи студијата која е услов Кожуф да се прогласи за национален парк.

Утре во Собранието почнува амандманската расправа на ребалансот на Буџетот. Контактирајте ги пратениците од вашите региони и барајте им подршка, барајте да го гласаат амандманот. Слободно можат и да се приклучат на амандманот. Ова е преголемо и пресериозно за чекање.

Мали хидроцентрали на Дошница нема да има! – напиша Јанчев на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи: