Пратеник Јахоски хоспитализиран на Инфективната клиника со покачена температура. Доведена во прашање работата на Собранието
Пратеникот од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски синоќа е примен на Инфективната клиника, откако имал покачена температура и симптоми на корона вирусот.
Јахоски пред да влезе во Собранието неколку мандати беше градоначалник на општина Пласница, а пратенички мандат доби како втор кандидат на листата на владејачката ДУИ во петтата изборна единица.
Дали ова ќе доведе до работа на парламентот онлајн сеуште не се знае. Талат Џафери според информациите го информирал претседателот на Комисијата за заразни болести по што ќе се прави епидемиолошка анкета на пратеници.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.