Собранието денеска ќе ја одржи првата пленарна седница по завршувањето на Локалните избори, а пред почетокот на 70. седница премиерот и министрите два часа ќе одговараат на прашања од опозициските пратеници.
Се очекува од опозиционерите да се отврат повеќе клучни прашања од владеењето на оваа колициона Влада, за што Мицковски и неговите министри ќе треба да дадат конкретни одговори.
Пратениците од СДСМ денеска во Собранието ќе поднесат предлог за надзорна расправа и за формирање на Анкетна комисија за испитување на трагедијата во Кочани, и не еисклучено тоа да го отворат и како тема во прашањата.
Претседателот на СДСм Венко Филипче синоќа во објава на Фејсбук напиша дека ги поддржуваат барањата на семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“.
– На денешната координација на пратеничката група на СДСМ и раководството на партијата оценивме дека ова се неопходни чекори за проверка на постапувањето на сите институции, утврдување на политичка одговорност, како и подготовка на понатамошни мерки и решенија за вакви трагедии никогаш повеќе да не се случат во Македонија. Ги повикувам сите пратеници од сите политички партии да ги поддржат овие иницијативи во македонското Собрание, напиша Филипче.
И Јована Мојсоска од „Левица“ денеска во објава на Фејсбук напиша дека власта е на потег и дека надзорна расправа и анкетна косисија за Кочани мора да има.
– Власта е на потег… Надзорна расправа за трагедијата во Кочани мора да се одржи, а тоа го ветуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Во сите нивни изјави и медиумски настапи пред неколку месеци, пратениците од власта тврдеа дека надзорна расправа ќе има штом се поднесе обвинителниот акт (наводно за да не се попречува истрагата), напиша Мојсоска.
Премиерот Христијан Мицкоски топката ја префрли кај пратениците.
– Што се однесува за поддршката за анкетна комисија, тоа прашање мислам дека добро е да им го поставите на пратениците. Мислам дека ваков тип на соочување со јавноста многу скоро ќе биде кога ќе почне процесот во суд така што таму ќе може сите, и граѓаните и јавноста и вие медиумите, што се се случувало, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи барањето на роднините на загинатите во пожарот.
Пронајдете не на следниве мрежи:


