Пратеници да кажеме „да“, историјата ги памети правилните одлуки, повика Заев

Премиерот Зоран Заев денеска преку својата официјална Фејсбук-страница ги повика пратениците да донесат правилна одлука и да кажат „да“ за можноста која е пред нив.
– Пратеници, да кажеме ДА на можноста пред нас. Историјата ги памети правилните одлуки, напиша Заев.
Во Собранието на Република Македонија изминатите денови се водеше дебата околу потребата за уставни измени кои произлегуваат од Договорот во Преспа. Седницата на која Собранието треба да се изјасни за потребата за уставни измени треба да се одржи утре. Вчера, од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека нивните пратеници се откажуваат од дебата во Собранието.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.