Според него, доколку се погледнат предложените носители, но и другите кандидати, вели дека ќе се види дека меѓу нив се наоѓаат луѓе кои успешно се справија со ковид пандемијата, луѓе кои успешно се справија со економската и енергетската криза
Ова се победничките пратенички листи на изборите на 8 мај, кои ќе обезбедат европска иднина на државата. Ова денеска во интервју за МРТВ 1 го ијзави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски.
„СДСМ и коалицијата нудат една исклучителна квалитетна пратеничка листа која прво ќе обезбеди доверба од граѓаните, а потоа ќе ги застапува во Парламентот со цел да се обезбеди европска иднина ма државата,
рече тој.
Според него, доколку се погледнат предложените носители, но и другите кандидати, вели дека ќе се види дека меѓу нив се наоѓаат луѓе кои успешно се справија со ковид пандемијата, луѓе кои успешно се справија со економската и енергетската криза.
„Луѓе кои успешно се справија со големата инфлација, со покачување на плати и пензии, но и луѓе кои работена на зголемување на инвестициите и намалување на невработеноста. Се работи за листа која ја респектирам, која беше донесена на најдемократски начин, со едногласни одлуки на ЦО и на ИО и со 99, 98 отсто оф присутните делегати на конгресот“,
рече Ковачевски.
Освен што ги претстави десетте главни столба на партиската програма, лидерот на СДСМ пред два дена на 28. конгрес официјално ги објави и имињата на носителите и коносителите на пратеничките листи на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата во шесте изборни единици.