Во изминатите 11 месеци, и покрај тоа што во имотниот лист навела дека има два стана во Скопје, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Олга Лозановска од Битола наплатила 550.000 денари (околу 9.000 евра) за патни трошоци од Собранието.
Вкупно 73-ца пратеници лани побарале и добиле пари за да им се исплатат трошоците за патот до работното место, а тие наплатиле вкупно околу 360.000 евра од државата за овие трошоци. Од нив, осуммина пријавиле дека имаат станови во Скопје.
Според истражувањето, Лозановска за 11 месеци добила над 550.000 денари, и покрај тоа што поседува два стана во Скопје едниот, од 74 квадрати, се води на име на нејзиниот сопруг, а другиот е заведен под „имот на деца“ и е со површина од 54 квадратни метри изјави Сител.
Од Лозановска не е далеку ниту Панчо Минов од пратеничката група на СДСМ, кој наплатил 530.000 денари, иако неговата сопруга има стан во скопје. Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ наплатила 365.000 денари за патувањето од Скопје до Гостивар и обратно, иако нејзините родители имаат дури четири стана во Скопје.
Извор: Сител Телевизија
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.