Првата батерија системи С-400 „Триумф“ пристигна во Анкара

Министерството за одбрана на Република Турција соопшти дека испораката на руските противвоздушни системи С-400 „Триумф“ започнала денес, 12 јули 2019 година.
Како што пренесува порталот Marsonline, првите компоненти на противвоздушниот систем С-400 „Триумф“ денеска ќе бидат доставени во турска воена база што се наоѓа во близина на Анкара.
Неодамна турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека не очекува доцнење кога е во прашање испораката на руските ПВО-системи, пренесува порталот РТ.


САД остро се спротивставија на испораката на руските ПВО-системи на оваа држава, која се наоѓа во рамките на НАТО. Државни секретар на САД Мајк Помпео пред дваесетина денови изјави дека Вашингтон ги разгледува сите варијанти на санкции против Турција доколку дојде до реализација на испораката на системите С-400.
Рускиот противвоздушен систем С-400 „Триумф“ е наменет за борба против сите современи и перспективни средства на воздушно-космичкото оружје. Неговиот максимален хоризонтален дострел е околу 400 км (ракета 40Н6Е), додека во височина дејствува и до 35 км. Формациски, во рамките на еден дивизион најчесто има 2-3 батерии на овој систем, со вкупно 8-12 транспортно-лансирни единици. Значи, еден дивизион во својот состав има 48 ракети подготвени за моментално дејство. Цел ракетен полк хипотетички може да нападне 96 непријателски воздушни цели во оперативен борбен радиус до 400 км.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.