Првата вакцина против коронавирусот ќе биде готова за 18 месеци

Вакцина за новиот коронавирус за 18 месеци
Коронавирусот, од кој досега животот го загубија повеќе од 1.000 луѓе во Кина, сега има официјално име, COVID-19, наместо досегашното привремено 2019-nCoV. Именувањето го потврди денеска генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус.
– Требаше да најдеме име што не се однесува на географска локација, животно, индивидуа или група на луѓе и што, исто така, е експлицитно поврзано со болеста, изјави Гебрејесус.
Според него, целта е да се спречи употребата на други имиња кои можат да бидат неточни.
– Ни дава стандарден формат за употреба за која било идна епидемија на коронавирус, објасни извршниот директор.Тој најави дека првата вакцина против коронавирус ќе биде готова за 18 месеци.


– Првата вакцина за COVID-19 може да биде готова за 18 месеци, така што ќе мора да користиме сè што е на располагање денес за борба против овој вирус, истакна тој. Гебрејесус објасни дека коронавирусот полесно се пренесува од човек-на-човек, но не е толку тежок како САРС-от. Генералниот директор го повика светот да ги здружи силите против коронавирусот за да избегне уште повеќе случаи и далеку поголеми загуби.
Досега има 42.708 потврдени случаи на заразени со COVID-19 во Кина и 1.017 жртви. Вон таа држава има 393 заразени во 24 држави и еден починат од тој вирус.

Се за КОРОНА ВИРУСОТ ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

За ВАКЦИНИТЕ ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.