Во нејзината биографија пишува дека Клаудија Шејнбаум Пардо е родена во 1962 година во семејство со еврејско потекло. Нејзините баба и дедо по татко мигрирале од Литванија во Мексико, додека нејзините баба и дедо по мајка избегале од Пловдив, Бугарија, за да се спасат од Холокаустот
Во Мексико викендов се одржаа претседателски избори. По првпат во историјата оваа земја ќе има жена претседател.
Во нејзината биографија пишува дека Клаудија Шејнбаум Пардо е родена во 1962 година во семејство со еврејско потекло. Нејзините баба и дедо по татко мигрирале од Литванија во Мексико, додека нејзините баба и дедо по мајка избегале од Пловдив, Бугарија, за да се спасат од Холокаустот.
Клаудија студирала физика, а потоа и енергетско инженерство. За нејзината вклученост во политиката таа вели дека придонел и фактот што нејзините родители учествувале во демонстрациите во 1968 година.
Таа е поранешен градоначалник на Мексико Сити и силен сојузник на претседателот во заминување Андрес Мануел Лопез Обрадор.
Обрадор ѝ понудил да биде негов секретар за животна средина, што таа прифатила. Оттогаш, таа е дел од неговиот тим, водејќи ја неговата кампања и создавајќи „политичка база“ за себе.
Минатата година поднела оставка од градоначалничката функција, со цел, како што изјавила, да се фокусира на кампањата за претседателка на Мексико.
Шајнбаум вети дека по изборите ќе продолжи да се надоврзува на успесите постигнати од Лопез Обрадор, дополнително надградувајќи ги програмите за социјална заштита, што го направија претседателот во заминување толку популарен во земјата.
!function(f,b,e,v,n,t,s){if(f.fbq)return;n=f.fbq=function(){n.callMethod?
n.callMethod.apply(n,arguments):n.queue.push(arguments)};if(!f._fbq)f._fbq=n;
n.push=n;n.loaded=!0;n.version=’2.0′;n.queue=[];t=b.createElement(e);t.async=!0;
t.src=v;s=b.getElementsByTagName(e)[0];s.parentNode.insertBefore(t,s)}(window,
document,’script’,’https://connect.facebook.net/en_US/fbevents.js’);
The post Првата жена претседател на Мексико има потекло од Балканот appeared first on 365.com.mk.
Пронајдете не на следниве мрежи: