Во медиумите денеска се појави веста дека поранешно момче на пејачката Теа Таировиќ е осудено на три месеци затвор, поради заканите кои ги упатувал кон пејачката.
Според „Crna-hronika.info“, тој се обвинува дека во март 2018 година во неколку наврати и’ упатувал сериозни закани по животот и ја малтретирал, телефонски, од повеќе броеви.
– Преку телефонска комуникација претходно на 01.03.2018 г. и’ испратил фотографија од женско лице со повреди, со цел да ја заплаши и на тој начин да и’ даде до знаење што би можело да и’ се случи доколку му замери или пак го пријави. На 21.04.2018 г. година, во близина на дискотека, пред мотелот во кој престојувала Теа, и’ се јавил од мобилниот телефон и и’ рекол да се симне пред споменатиот мотел за да разговараат и тој да и’ предаде некои нејзини лични работи, а откако таа го одбила, тој повторно сериозно и’ се заканил дека ќе и’ направи проблем во клубот додека пее и дека ќе ја претепа и ќе и’ ја пресече главата, со што ќе го стори кривичното дело и загрозување на безбедноста. Пресудата не е правосилна и осудениот има право на жалба – стои меѓу другото во пресудата, пренесуваат балканските медиуми.
По тој повод проговори и пејачката Теа Таировиќ, која се изненади бидејќи не знаела за што се работи и само накратко рече:
– Па ова е црна хроника? Не знам за што се работи, ништо не знам за тоа што пишуваат медиумите – збунето рече Теа избегнувајќи директен одговор.
Пронајдете не на следниве мрежи: