Прва средба Димитров-Дендиас во Хелсинки

Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Дендиас ја остварија нивната прва средба на маргините на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Европската Унија и на земјите- кандидати за членство (GYMNICH) во Хелсинки, jави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас, во изјавата по разговорите со неговите колеги од ЕУ, за средбата со Димитров рече дека била околу Договорот од Преспа.
-Со господинот Димитров ја имавме нашата прва средба на која разговаравме за аспектите на имплементацијата на Договорот од Преспа. Јасно му ставив на знаење на господинот Димитров дека Грција ќе инсистира на строго спроведување на Договорот, рече Дендиас.
По средбата со грчкиот колега Дендиас на Фејсбук се огласи и Димитров.
– Прва средба со мојот нов грчки колега Никос Дендиас: зборувавме за имплементацијата на Договорот од Преспа, напиша Димитров.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.