Првиот авион на аеродромот во Скопје пречекан со „воден мост“

Првиот патнички авион кој пристигна на меѓународниот аеродром во Скопје по укинувањето на забраната за летови беше авионот на „Туркиш Ерлајнс“ од Истанбул.
Авионот долета од турскиот град во Скопје со 104 патници и членови на екипажот, а на нашиот аеродром беше пречекан со „воден мост“, авијациски поздрав за добредојде.
Веднаш после него пристигна уште еден авион од Истанбул – авионот на „Пегасус“ кој донесе 125 патници. Веќе воспоставени се и линиите со Бремен, Келн, Стокхолм и Ларнака, а во периодот кој следува ќе се враќаат и останатите „стари“ линии кои сообраќаат од и до скопскиот и охридскиот аеродром.
Секако, после тримесечната пауза поради коронавирусот, со повторното отворање на аеродромите пристигнуваат и нови правила, како што е дезинфекцијата на раце при влез во аеродромската зграда, носење на заштитна маска и одржување на дистанца.
Од скопскиот аеродром информираа дека денес, на првиот ден од реотворањето се очекуваат 28 летови со вкупно 1,700 патници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.