Првиот круг на локалните избори на 19 октомври?

Локалните избори ќе бидат распишани на 7-8 август, а првиот круг би требало да се одржи на 19 октомври 2025 година, информираше премиерот Христијан Мицкоски, повикувајќи се на информации коишто ги добил од Собранието.

Собранискиот спикер, Африм Гаши, на брифинг со новинарите рече дека локалните избори во Македонија ќе ги распише во првата половина од август. На прашањето дали ќе ги распише на 8 август, Гаши нагласи дека е возможно и оти се ќе биде во рамките на предвидените рокови.

Македонскиот парламент, каде во првите редови седат премиерот Христијан Мицкоски и министрите во Владата Македонскиот парламент, каде во првите редови седат премиерот Христијан Мицкоски и министрите во Владата
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека изборите ќе бидат распишани на 7 или 8 август, а првиот круг би требало да се одржи на 19 октомври.

„Може да се распишат на 8 август. Се ќе биде во рамките на роковите. Изборниот законик има две одредби по кои се водиме. Прво е одредбата да не биде повеќе од 90 или помалку од 70 дена. Втората ориентациона точка е Законот за локална самоуправа каде се вели дека изборите треба да се одржат во втората половина на октомври. Во рамките на овие два периода, ќе ги распишеме избори. Најверојатно во првата половина од август“, рече претседателот на Собранието.

Околу измените на Изборниот законик кои се во собраниска постапка, Гаши потенцира дека чека одговор од пратеничките групи да го известат дека се договориле за да може законот да оди во процедура. „Немаме најава за Изборниот законик. Се водат разговори помеѓу пратеничките групи, но јас не сум запознаен за тоа. Чекам знак од пратеничките групи дека се договориле и оти ќе може да оди во процедура Изборниот законик“, рече тој.

Во врска во Бадентерово мнозинство, спикерот рече дека нема никаква промена. „Нема промена околу Бадентерот. Останува истата формулација. За секој закон посебно пратениците од немнозинските заедници се изјаснуваат. Досега видовме дека неколку пати пратеници од немнозинските заедници кои се во опозиција гласаат за предлог на мнозинството. Тоа останува релативно“, рече Гаши.

Пронајдете не на следниве мрежи: