Првиот човек на НАТО и се спротистави на Русија поради Македонија

На прес-конференција ден пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО членките во Брисел, генералниот секретар Столтенеберг, прашан да ги коментира изјавите на рускиот амбасадор во Македонија дека земјата ќе стане „легитимна цел“ во случај на конфликт доколку стане членка на НАТО, одговори: „Целата идеја дека Русија нема да прифати одредени земји да станат членки на НАТО е идеја на сфери на влијаниа каде големите сили ги контролираат помалите држави и тоа е во контрадикција со се за што НАТО се залага“.

– Прво мислам дека е важно правото на секоја нација да одлучи за сопствениот пат и безбедносни договори, ова е фунадаментален принцип за НАТО. Но, и Русија се заложи за овој принцип во повеќе договори како што е Хелсиншкиот договор од 1974-та години и други документи. На Скопје е да одлучи за сопствениот пат и дали сака да се приклучи кон НАТО. Македонија и 29-те сојузници на НАТО одлучуваат за тоа и никој друг нема збор во овој процес, изјави Столтенберг на прашање на МИА.

Како што јави дописничката на МИА во Брисел, Столтенберг рече дека го поздравува напредокот во преговорите за спорот за името и оти е информиран за тоа.

Столтенберг потсети дека поканата за влез во Алијансата за Македонија од 2008 се уште важи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.