Првиот човек од моќните Ротшилди почина од срцев удар

Најбогатиот Ротшилд почина во Швајцарија од срцев удар.

Баронот Бенџамин Ротшилд, банкар и претседател на „Групацијата Едмонд де Ротшилд“, почина од срцев удар на 57-годишна возраст.

Синот на Едмонд Ротшилд, човек кој до својата смрт важеше за најбогат член на ова моќно банкарско семејство, почина во Швајцарија.

Според семејството, тој починал во петокот во неговиот дом.

Тој стана шеф на француско-швајцарскиот холдинг, со седиште во Женева, во 1997 година, по смртта на неговиот татко.

Вредноста на средствата со кои управува холдингот се проценува на скоро 200 милијарди долари.

Пронајдете не на следниве мрежи: