ПРВИТЕ ВИДЕА ОД ДРАМАТА КАЈ НИАГАРАНИТЕ ВОДОПАДИ Возило експлодира на парчиња, објави ФБИ (ВИДЕО/ФОТО)

Откако возилото експлодираше на мостот што ги поврзува САД и Канада, се огласи и ФБИ.

Гувернерот на државата Њујорк исто така потврди дека имало инцидент на мостот Виножито во Нијагарините водопади и дека властите внимателно ја следат ситуацијата. Мостот ги поврзува двете земји преку реката Нијагара.

  • Државните агенции се на лице место и подготвени да помогнат – беше речено.

Локалните медиуми претходно објавија дека сите четири меѓународни гранични премини меѓу САД и Канада во западен Њујорк биле затворени во средата поради инцидентот.

Сликите и видеата, наводно, од граничниот пункт покажуваат пламен и автомобилски делови на земја.

Се огласи и од канцеларијата на надлежното ФБИ во Бафало.

  • Канцеларијата на ФБИ во Бафало истражува експлозија на возило на мостот Виножито, граничниот премин САД-Канада во Нијагарините водопади. ФБИ координира со локални, државни и федерални партнери за спроведување на законот во оваа истрага. Бидејќи оваа ситуација е многу флуидна, тоа е се што можеме да кажеме во моментов – се вели во соопштението.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.