Првите осомничени пристигнаа во Основното јавно обвинителство во Кочани со полициска пратња

Со полициска ескорта и три возила на службата, вечерва околу 21:30 беа приведени првите осомничени во рамките на проширената истрага поврзана со пожарот во дискотеката „Пулс“, каде на 16 март трагично загубија живот 61 лице, вклучувајќи и шест деца, додека други 197 лица беа повредени. Пола час пред приведените, во просториите на Основното јавно обвинителство во Кочани пристигна и државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Тој се воздржа од изјави за пресот, но најави прес-конференција за следниот ден за разоткривање на деталите од истрагата.
Согласно новите информации, јавното обвинителство расшири истрагата на уште 19 лица, обвинети за извршување на тешки кривични дела против јавната безбедност, кои се наведени во член 292 и во врска со член 288 од Кривичниот законик. Зачестени се примерите на службени лица кои меѓу 2012 и 2025 година, не ги исполниле ниту едни од прописаните мерки за безбедност и заштита, што им овозможило на објектите да функционираат без основни услови за безбедност, што резултирало со катастрофален исход. Овие осомничени вклучуваат градежни инспектори од Општина Кочани, директори и главен инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување, како и министри и државни секретари од Министерството за економија и инспектори од Државниот пазарен инспекторат. Истрагата продолжува, а надлежните органи ветуваат дополнителни чекори и предлози за мерки за постојано следење на состојбата со осомничените.

Пронајдете не на следниве мрежи: