Оштетени подморски кабли во Црвеното море се причината поради колапсот на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, пренесуваат светските медиуми.
Причината како што велат тие се оштетените кабли кои ги нарушуваат телекомуникациските мрежи и интернет сообраќајот помеѓу Азија, Европа и Блискиот Исток.
Каблите кои припаѓале на четири главни телекомуникациски мрежи биле „оштетени“ што предизвикало значително прекинување на комуникациските мрежи на Блискиот Исток.
Во меѓувреме Фејсбук се врати ширум светот како и кај нас, додека проблемите со Инстаграм се уште се решаваат.
Според светските медиуми проблемот нема да биде решен уште најмалку еден месец поради документацијата која е потребна, но исто така и дозволите за работа во Црвеното Море.
Пронајдете не на следниве мрежи: