Први видеа од ужасот во Јужна Кореа! Се запали авион а во него имало околу 200 патници: Сè се претвори во дим и пепел (видео)

При слетување на аеродромот во Сеул, авионот на корејската авиокомпанија Jeju Air се запалил на крајот од пистата и експлодирал. 179 лица загинаа од вкупно 181 кои биле во авионот, патници и членови на екипажот.Новинската агенција Јонхап ги цитираше аеродромските власти дека опремата за слетување се скршила при слетувањето пред авионот да се запали и да експлодира.
BREAKING: New video shows moment Boeing 737-800 plane carrying 181 people onboard crashes at Muan International Airport in South Korea. pic.twitter.com/konxWBpnWy— AZ Intel (@AZ_Intel_) December 29, 2024
Удар на птица е меѓу неколкуте теории за можната причина за падот, кои не се потврдени, изјави претставник на воздухопловниот оддел на Министерството за транспорт на Јужна Кореја, додавајќи дека истрагата е во тек.Меѓу патниците имало и двајца тајландски државјани, а се верува дека останатите се Јужнокорејци, соопшти Министерството за транспорт.Несреќата се случи на јужнокорејскиот меѓународен аеродром Муан на југот на земјата, кој беше отворен во 2007 година и има линии до неколку земји во Азија.На летот 7C2216 на Jeju Air од главниот град на Тајланд Бангкок имало 175 патници и шест членови на екипажот. Тој слета нешто по 9 часот по локално време, соопшти јужнокорејското Министерство за транспорт.

Пронајдете не на следниве мрежи: