Први снимки од катастрофата во Италија: Густ чад над хидроцентралата, грозоморна сцена, пожарникарите не можат да стигнат до повредените (ВИДЕО)

Пожарникарите мака мачат да стигнат до повредените по страшната експлозија во хидроцентралата на вештачкото езеро Сувијана меѓу Болоња и Фиренца!Хидроцентралата на вештачкото езеро Сувијана меѓу Болоња и Фиренца, да потсетиме, експлодирала околу 15 часот, а според првичните информации десет лица се здобиле со тешки изгореници, додека најмалку седум вработени се водат како исчезнати.На социјалните мрежи се појави првото видео од хидроцентралата на кое се гледа како густ црн чад излегува од зградата.
❌#Bologna, #esplosione nel primo pomeriggio di #oggi in una centrale idroelettrica semi-sommersa a Bargi, nei pressi del lago di Suviana: soccorsi 3 operai feriti, #vigilidelfuoco impegnati nelle operazioni di ricerca di possibili dispersi. Intervento in corso [#9aprile 16:30] pic.twitter.com/EsT20o16lM— Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) April 9, 2024
Експлозијата се случила на деветтиот кат под површината на водата во просторијата каде што се наоѓаат трансформаторите.– Има многу чад. Тешко е да се влезе во просториите – изјави покраинскиот командант на Болоњската противпожарна бригада Калогеро Туртурик и додаде дека спасувањето било комплицирано поради малата видливост и високата температура.Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: