ПРВИ ФОТОГРАФИИ: Александра Пријовиќ си замина од тајниот излез на болницата, гордиот татко го носеше синот

Српската пејачка Александра Пријовиќ, денеска излезе од приватната болница во Белград, во која во средата на свет го донесе синот Александар.
Мајката и бебето се чувствуваат одлично, а дека е се во најдобар ред се гледа и на фотографиите по напуштањето на породувалиштето. Пејачката не ја криеше широката насмевка, а по неа, покрај сопругот Филип, дојде и свекорот Боба Живојиновиќ, со луксузен автомобил.


Боба и Филип прво ги сместија работите во автомобилот, а потоа Александра излезе од тајниот излез на болницата и во гаражата влезе во автомобилот.
Таа на себе носеше кариран фустан, а гордиот татко го носеше синот

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.