Поранешната сопруга на Кевин Костнер, Кристин Баумгартнер најде нов партнер, кој беше долгогодишен пријател и сосед на Костнер.
Откако поднесе барање за развод од Кевин Костнер на почетокот на мај, Кристин беше фотографирана надвор и наоколу со инвеститорот Џош Конор.
“Џош на почетокот беше само пријател. Кристин сака да се дружи со него. Тој е разведен татко и разбира низ што поминува. Тоа е нешто што ја прави среќна”, рекол извор близок на парот.
Медиумите открија и дека Кристин и Конор биле на заеднички одмор на Хаваи во јули, додека таа сè уште била во процес на развод од Кевин Костнер. Изворот негираше дека тие тогаш биле во врска.
Претставникот на Кристин Баумгартнер сè уште не одговорил на прашањата на медиумите.
Но, интересно е што Костнер неодамна ги подгреа и гласините за љубовна врска, кога беше фотографиран во интимна прегратка со американската пејачка Џевел додека беше на одмор на Карибите.
Костнер и Баумгартнер го официјализираа својот развод на почетокот на септември, откако Баумгартнер поднесе бројни барања за старателство и издршка на детето. Иако деталите од судењето се тајни, познато е дека таа ќе добие повеќе пари од предвиденото во нивниот предбрачен договор.