Прво намалување на цените, а потоа укинување на роамингот

Анкетата спроведена од Советот за регионална соработка (РЦЦ) во Белград, Подгорица, Приштина, Сараево, Скопје и Тирана покажа дека укинувањето на роаминг во земјите од Западен Балкан за граѓаните во регионот е важно, исто како и слободното движење, и истовремено на бизнисмените ќе им ги олесни условите за бизнис.
Видеото и заклучокот се објавени непосредно пред Дигиталнит самит на Западен Балкан во Белград на 4 и 5 месецов, каде што се најавува и потпишување на Договор за намалување на роамингот помеѓу земјите од Западен Балкан. Владата на Северна Македонија пред две недели го овласти ресорниот министер Дамјан Манчевски да го потпише договорот.
Вториот Дигитален самит ќе го отворат спрската премирка Ана Брнабиќ, генералната секретарка на РСС Мајлинд Брегу и еврокомесарката за дигитална економија и општество Марија Габриел.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.