Прво породување во Вселената во 2024 година

Научниците веруваат дека породувањето во Вселената би можело да стане реалност за шест години, колку тоа и да наликува на научна фантастика.
Компанијата „СпејсЛајф ориџин“ (SpaceLife origin) со седиште во Холандија објави дека планира првото породување во Вселената да се случи во 2024 година, поради што бара доброволци.
Портпаролот на фирмата изјави дека мисијата ќе трае од 24 до 36 часа, а во Вселената со бремената жена би бил испратен и добро обучен медицински тим.


– Внимателно подготвениот и надгледувам процес ќе ги предвиди сите потенцијални ризици за мајката и бебето, според стандардите кои се применуваат на Земјата, истакна портпаролот на „СпејсЛајф ориџин“ .
Целта на планот е да се подготви терен за човечка колонизација на Вселената, со тоа што би се овозможило човекот да се репродуцира на другите планети.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.