„Прво родив едно дете, па близнаци, па тројка – Како ни изгледа животот со 6 деца?“

Лусија и нејзиниот сопруг имаат навистина интересна приказна. Тие немале план за големо семејство и од првата бременост добиле момче. Кога останала бремена по втор пат, им се родиле близнаци.
Третата бременост била непланирана, а на нивно големо изненадување, Лусија родила тројка.
„Најпрво ни се роди синот и бевме пресреќни. Потоа, кога откривме дека имаме близнаци бевме толку шокирани што не престанавме да се смееме во ординацијата.
Кога откривме дека ќе имаме и тројка, не можевме да зборуваме. Не можевме да го сфатиме тоа бидејќи ни изгледаше нереално. Тројката се роди во 35-тата недела и животот ни стана навистина динамичен. Доењето три бебиња беше вистински предизвик, но успеавме.“
Лусија изјавила дека било навистина тешко да се подготват сите шест деца за излегување. За среќа, нејзината мајка живеела во близина па им помагала.


Кога излегувале, пак, сите сакале да разговараат со нив бидејќи ретко кога ќе видите пар со шест деца. Понекогаш им поставувале и многу лични прашања, но на Лусија ѝ било јасно зошто другите се љубопитни.
Најчесто им поставувале прашања за тоа како се справуваат со децата, дали знаеле дека ќе имаат тројка и слично.
И Лусија и сопругот имале многу малку време на почетокот, па се релаксирале со шетање на децата и возење велосипед.
Денес Лусија работи со пола работно време како фотограф, а децата се поголеми и одат на училиште. За среќа, имаат време за семејни одмори, а ова им е омилената активност.
Погледнете како изгледа животот на ова големо и среќно семејство:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.