Директорот на Здравствениот центар во Врање, Саша Ѓорѓевиќ ѝ дал отказ на медицинската сестра Даниела Тасиќ Цветковиќ откако таа пријавила криминал во оваа здравствена установа и добила статус на укажувач (свиркач), објави N1.
Медицинската сестра добила решение за престанок на работниот однос „поради тоа што по своја вина ги повредила работните обврски пропишани со Правилникот за работни задачи и работна дисциплина“.
Тоа не е првпат оваа медицинска сестра да е на удар на директорот на Здравствениот центар во Врање. На крајот на мај годинава, едне од шефовите во Здравствениот центар на Фејсбук напишал дека таа има „Ф дијагноза“, после што сестрата морала да поднесе кривична пријава и приватна тужба.
Тасиќ Цветковиќ на 29 јули како свиркач пријавила повеќе сомнителни финансиски активности во Здравствениот центар во Врање. Таа тогаш тврдеше дека тие активности го оштетиле буџетот на Министерството за здравство на Србија, како и буџетот на српскиот Фонд за здравство и оној на српското Министерство за финансии.