Џенифер Анистон е официјално во врска со Џим Кертис.
Познатата актерка Џенифер Анистон (56) официјално ја потврди својата врска со љубовниот гуру Џим Кертис.
Daily Mail првпат ја објави веста кога двајцата беа фотографирани во Шпанија, патувајќи на Мајорка. Иако можеби во тоа време не било сосема јасно дали станува збор за нејзиното ново момче, сега нема сомнение.
Папараците ги фатиле како разговараат со пријатели, а Џенифер го држи Џим за рака.
„Џенифер се гледа со Џим и е многу среќна, но засега сака да ги оди работите полека. Нивните пријатели мислат дека се одличен пар“, изјавил извор за Daily Mail.
Судејќи според фотографиите, тие воопшто не се кријат, но исто така не сакаат да даваат изјави за медиумите.
Цело време додека биле во ресторанот, разменувале галење и уживале со пријателите.
Сето ова го поткрепуваат и неговите коментари на социјалните мрежи, со оглед на тоа што често оставал реакции под нејзините објави на Инстаграм.
Пронајдете не на следниве мрежи: