Прв пат во државава извршена нова метода за прецизна дијагностика на срцеви заболувања

Тимот за интервентна кардиологија при ГОБ „8ми Септември” воведе нова, иновативна метода – „CoroFlow” – софистициран софтверски медицински систем за прецизна проценка и детектирање дисфункција во микроциркулацијата на срцевиот мускул, информира Министерството за здравство.
Во објавата на Министерството за Фејсбук се наведува дека оваа метода овозможува попрецизна проценка на состојбата на коронарната микроциркулација, што придонесува за подобра дијагностика и третман на пациентите со срцеви заболувања кај кои класичните испитувања не секогаш ги откриваат причините за симптомите.

The post Прв пат во државава извршена нова метода за прецизна дијагностика на срцеви заболувања appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: