Прв пат во историјата на Хрватска прогласено ден на национално сочувство, а не ден на жалост

Веста за смртта на познатиот пејач Оливер Драгојевиќ го потресе целиот Балкан, а по тој повод хрватската влада на вчерашната седница на иницијатива на премиерот Андреј Пленковиќ донесе одлука за прогласување на денешниот ден за ден на национално сочувство.
Ова е прв пат да се прогласи ден на сочувство во историјата на Хрватска, а тоа да не биде ден на жалост.


Разликата е во тоа што доколку се прогласи ден на жалост тогаш се откажуваат сите културни и забавни активности како и медиумите се прилагодуваат на одбележување на овој ден, но со оглед на фактот дека станува збор за Оливер Драгојевиќ чија цел во животот беше песната, владата одлучи дека посоодветно е да се прогласи ден на сочувство како што е пракса во многу европски земји.
Денес знамињата се спуштени на пола копје, но забавните настани нема да бидат откажани.
Инаку Хрватска до сега има прогласено ден на жалост во десет наврати, а ова е прв пат да се прогласи ден на сочувство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.