Прв снег и во Србија, температурата синоќа беше минус пет степени

На Копаоник од утринава паѓа снег. Забеле и во Златибор, Тара и во околината на Прокупац.

Од утрово на Копаоник паѓа слаб до умерен снег.

Природна покривка има речиси еден сантиметар на надморска височина од 1.000 метри до врвовите.

Ова е прв снег оваа зима во Србија, а според метеоролозите од Метеоролошката станица на Копаоник, врнежите се очекува наскоро да престанат, пренесува rts.rs.

Температурата синоќа се спушти до минус пет степени.

Метеоролозите и надлежните предупредуваат на густа магла и дополнителна претпазливост за возачите, бидејќи видливоста е намалена.

Во пониските предели повремено врне и слаб дожд. Температурата на повисоките места ноќе е околу нула или степен пониска, додека дење е потопло.

Пронајдете не на следниве мрежи: