Пребегнати Корејци повторно пратија летоци во Северна Кореја

– Група луѓе кои пребегнале од Северна Кореја во Јужна Кореја денеска испратија повеќе пропагандни летоци на север, иако Пјонгјанг неодамна одговори на таквите акции со испраќање балони со смет преку граница.Севернокорејска дезертерска група соопшти дека испратила 10 големи балони на север со околу 200.000 летоци во кои се критикува севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, пренесува Јонхап.Покрај тоа, USB мемориски стикови беа испратени со говорот на јужнокорејскиот претседател Џун Сук-јул на 1 март по повод Денот на независноста, како и пораки од американските конгресмени до севернокорејскиот народ.

Пронајдете не на следниве мрежи: