Вчера утрото во 09.30 часот на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, патничко возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(60) од Скопје, удрило во пешкот Д.Д.(80) од Скопје.
Во незгодата Д.Д. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде во 12.15 часот починал.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.