Вчера во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје, патничко возило удрило во Б.М.(56) од с.Студеничани, скопско, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.