Прегазил пешак и го оставил на улица

Вчера во 08:00 часот во СВР-Битола било пријавено дека во Битола на крстосницата од улиците “Прилепска“ и “Батаљон Стив Наумов“ непознато возило управувано од непознато лице удрило во пешак и избегало.
Станува збор за 50-годишниот В.Б. од Битола, по што возилото откако го прегазило го напуштило местото на настанот.
Од ударот В.Б. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Битола.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.