Предавањето на предметите од СЈО во ЈО треба да почне денес

Како што веќе беше најавено Специјалното јавно обвинителство од денеска треба да почне да ги предава предметите на Јавното обвинителство на Република Македонија. Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вели дека е утврден начинот на преземање на предметите, а од СЈО оти се подготвени за трансфер на сите списи и докази во Јавното обвинителство.
Се очекува предавањето на предметите да биде заокружено до 15 септември кога истекува мандатот на специјалната обвинителка Катица Јанева, која е во притвор за случајот “Рекет”. Засега не се знае кој ќе продолжи да ги застапува предметите и како ќе се распоредат вработените од СЈО.
Стручниот, административен и помошно-технички персонал на СЈО вчера преку јавно писмо изрази разочараност од недоволното внимание кое се посветува на прашањето за иднината на најголемиот дел вработени во ова Јавно обвинителство и апелира до меѓународната заедница која беше дел од процесите на формирање на обвинителството и до политичките чинители во земјава внимателно и активно да ги следи актуелните процеси поврзани за навниот работен ангажман.
Писмото е потпишано од стручниот, административен и помошно-технички персонал на СЈО е адресирано до амбасадите на САД, Кралството Холаднија и Делегацијата на ЕУ, како и до претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и до министерката за правда Рената Дескоска.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.