Предвремени избори на 12 мај во Бугарија

Предвремени парламентарни избори ќе се одржат на 12 мај во Бугарија, изјави претседателот Росен Плевнелиев во обраќањето до нацијата, јави Бгнес.

Најодговорно кон граѓаните е да има избори, но мора да дадеме шанса изборите да се организираат подобро. Не можам да дозволам избори без подготвена изборна комисија, не сакам избори на Цветници и Велигден, тоа се светли христијански празници – така Плевнелиев ја аргументираше одлуката изборите да се одржат на 12 мај.
„Верувам дека законите и правилата во правната држава се штит за здравиот фундамент. Бугарскиот Устав не чува во тешки моменти. Таа е нашиот столб и потпора. Децении по ред сите сме се стремиме кон тоа да изградиме државата врз основите на правен поредок. Општество, што ги упатува своите претензии и очекувања кон избраните од него претставници на власта”, рече бугарскиот претседател.
„Нашите сонародници сакаат да ги раководат чесни луѓе, да не ги крадат, да не ги лажат, да живеат добро. Граѓанската енергија денес е многу силна и е насекаде, прашањето е дали таа ќе биде креативна или деструктивна. Тоа зависи и од нас политичарите. Тоа е наш заеднички ангажман и на партиите и на граѓаните, да не бараме дестабилизација”, повика Плевнелиев.
На 25 февруари ГЕРБ го врати мандатот за формирање на влада. На 27 февруари и БСП го врати мандатот за формирање на влада, откако претседателот на БСП, Сергеј Станишев најави дека ако победат на изборите тој нема да биде премиер на земјата.
Плевнелиев во ќе му го врачи мандатот за состав на влада на третата по големина партија – ДПС. Се очекува ДПС исто така да врати мандатот.
Makфакс
Предвремени парламентарни избори ќе се одржат на 12 мај во Бугарија, изјави претседателот Росе

Пронајдете не на следниве мрежи: